Позната актерка воодушеви со фотографии од плажа: Годините за Хали Бери немаат никакво значење

Актерката Хали Бери деновиве ќе го прослави својот шеесетти роденден, а со најновите објави од семејниот одмор, таа покажa дека годините немаат никакво влијание врз неа, бидејќи и денес изгледа сензационално. Хали Бери сподели фотографии од одморот на приватен остров на Фиџи, каде што помина време со својот вереник Ван Хант и нејзините деца. Насмеаната Бери, со пуштена коса и цвет во косата, позираше за камерата носејќи заводлива, широко кроена летна облека со прерамки. Таа им покажа на своите следбеници како таа и нејзиното семејство уживале на брод, на плажа и во планините, како и со добра храна, и како почнале да слават со торта во ресторан една недела пред нејзиниот роденден. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry) „Овој семеен одмор беше незаборавен“, напиша актерката под објавата во која им се заблагодари на вработените на островот кои се грижеле за нив. View this post on Instagram A post shared by Halle Berry (@halleberry)
Povezane vijesti
