klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Познат тимот на Македонија за Медитеранските игри

Познат тимот на Македонија за Медитеранските игри
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·12. 07. 2026. 12:47:43

Женскиот одбојкарски сениорски национален тим летово ќе настапот на 20. Медитерански игри, кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто, Италија. Селекторот на Македонија, Милош Гавриловиќ објави список од 16 одбојкарки кои ќе конкурираат за настапот на Игрите. Новиот список носи одредени промени, споредено со оној за Европската лига 2026, а една од причините е што дел од помладите репрезентативки во истиот период ќе имаат обврски со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство У20 во 2027 година, па поради тоа не може да се смета на нив. Од поискусните играчи во тимот се враќа Тамара Атанасова (претходно Стојанова) додека изостана Теа Терзиевска. Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 27 јули во 13 часот, во хотелот „Континентал“ во Скопје. Македонија на Медитеранските игри ќе биде дел од групата Б каде за противници ќе ги има селекциите на Турција, Грција, Алжир и Косово. Во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија. Натпреварите од групната фаза се играат од 23 до 29 август, додека елиминациите и финалето се во периодот од 30 август до 1 септември. Деталниот распоред организаторот дополнително ќе го објави. За женската репрезентација на Македонија ова ќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti