klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Познат распоредот на натпреварите на струшкиот ракометен турнир

Познат распоредот на натпреварите на струшкиот ракометен турнир
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·09. 08. 2026. 05:50:40

Во периодот од 12 до 15 август 2026 година ќе се одржува традиционалниот Меѓународен ракометен турнир Струга, 54-ти по ред. Натпреварите ќе се играат на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ – Струга. Организаторите го објави целиот распоред на мечеви, на првиот ден (12 август) од 18.30 часот РК Вардар 1961 ќе игра со РК Прилеп, во 20.00 часот е свеченото отворање на турнирот, а од 21.15 часот домаќинот РК Струга ќе игра со бранителот на трофејот од минатата година, ГРК Охрид. Следниот ден на 13 август од 18.30 часот, РК Прилеп ќе се соочи со РК Бутел, а од 20.30 часот ГРК Охрид за противник го има единствениот странски клуб на овој турнир, РК Дубочица од Србија. На третиот ден (14 август) од 18.30 часот РК Струга ќе ги одмери силите со РК Дубочица, а од 20.30 часот РК Бутел за ривал го има РК Вардар 1961. На последниот четврти ден се натпреварите за пласман, од 10.00 часот е дуелот за петтото место, од 18.30 часот е битката за третата позиција на турнирот, а од 20.30 часот е големото финале.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti