klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Градско-Прилеп

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Градско-Прилеп
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 06. 2026. 09:05:28

Битолчанец на возраст од 58 години е возачот кој вчера го загуби животот откако со камион излетал од патот Градско-Прилеп. Од МВР информираат дека несреќата во полиција била пријавена во 17:50 часот. -На магистралниот пат Градско- Прилеп, кај с.Ореовец, товарно возило „мерцедес" со приклучно возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Битола, излетало од патот. Во несреќата починал С.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, велат од МВР. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti