Позитивната листа и генеричката конкуренција обезбедува пониски цени на лековите и поголема достапност за пациентите

Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува со мерките за намалување на трошоците за лекови и подобрување на пристапот на осигурените лица до современа терапија. Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства. Во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат од големината на домашниот пазар, постојат механизми преку кои може значително да се влијае врз намалувањето на цените на лековите велат од Фондот. Фондот ги применува двата најважни механизми: • воведување нови лекови на Позитивната листа; • поттикнување генеричка конкуренција, согласно препораките на Светската здравствена организација. Во текот на изминатиот месец беа реализирани двете мерки. На Позитивната А листа се воведени три антикоагулантни лекови, а во две терапевтски групи е воспоставена генеричка конкуренција. Ривароксабан – значително пониски трошоци за пациентите Лекот Ривароксабан за првпат е достапен преку Позитивната листа. За терапија чија цена изнесува околу 2.200 денари, пациентите досега плаќаа околу 475 денари партиципација и доплата. Од наредната година нивното учество ќе изнесува само 160 денари. Истовремено, цената на лекот е речиси преполовена, што…
Povezane vijesti

Jedna stvar je neophodna u putnoj apoteci za ljetovanje
