klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола, еден пожарникар е пренесен на клиника

Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола, еден пожарникар е пренесен на клиника
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·05. 07. 2026. 16:20:15

Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите, истакнува градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Пожарот кој попладнево избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран.Со тоа беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија. Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника. Му посакувам брзо закрепнување и изразувам огромна благодарност за неговата пожртвуваност, истакна градоначалникот. Тој порача дека ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните. -Токму затоа, нашите заложби за модернизација на Бригадата, нова опрема, подобри услови и поголема безбедност за пожарникарите се наша обврска. Длабок поклон до сите пожарникари за брзата реакција, професионалноста, храброста и посветеноста. Скопје денес виде што значи пожртвуваност на дело, истакна Ѓорѓиевски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti