Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220.000 луѓе

Властите во Франција и Шпанија наредија евакуација на повеќе од 220.000 луѓе поради големите шумски пожари што беснеат во двете земји. Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите. Пожарот во Жиронд досега проголта повеќе од 19.000 хектари шума и уништи околу 80 куќи. Властите, исто така, го евакуираа целиот полуостров Кап Ферет, популарна туристичка дестинација. - Никогаш не сме виделе пожар од ваков обем, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, додавајќи дека околу 50 пожарникари се повредени. Голем пожар беснее и во близина на Бискарос во регионот Ланд, принудувајќи повеќе од 23.000 да ги напуштат своите домови. Градоначалникот на една од најтешко погодените области, Леж-Кап Ферет, Филип де Гоневил, рече дека регионот се соочува со екстремни временски услови веќе еден и пол месец, без дожд и надпросечни температури. - Ова е без преседан. Ниту ние, ниту пожарникарите досега не сме виделе нешто вакво, рече Де Гоневил. Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу тензична“, особено во Жиронд, и потврди дека Франција го активирала…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Уапсен осомничен за бруталното убиство на италијанскиот спортски новинар Лука Еспозито, го признал злосторството
