klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пожари и штети од невремето има и во Свети Николе и Пробиштип

Пожари и штети од невремето има и во Свети Николе и Пробиштип
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 20:59:25

Дождот и силниот ветар кој носеше се пред себе направи штети и во општините Свети Николе и Пробиштип. Поржарникарите од ТППЕ-Свети Николе информираат дека имале неколку интервенции за време на невремето. -По силното невреме кое го зафати Свети Николе и Овчеполието во 17.46 часот интервенирано е со едно противпожарно возило на запалена трева и ниска вегетација во село Црнилиште, Свети Николе, а со три противпожарни возила на запалена трева, ниска вегетација во селата Сарамзалино и Аџиматово при што беше зафатена и дел од стреа на куќа-соопштуваат од ТППЕ-Свети Николе. Пожарникарите во 19 часот со четири противпожарни возила интервенирале и на патниот правец Свети Николе - Овче Поле, улицата ,Сутјеска” во Свети Николе и во градскиот парк, каде што од силниот ветер биле откорнати и паднати дрвја на патот, врз куќа и на други јавни површини. -Патниот правец Свети Николе – Овче Поле е целосно расчистен и прооден. Апел до сите возачи: Возете внимателно при користење на патниот правец Свети Николе – Овче Поле, бидејќи сè уште постои опасност од паѓање на нестабилни дрвја и гранки на коловозот-велат од ТППЕ-Свети Николе. Апелираат до граѓаните и да не се движат во непосредна близина на објекти, дрвја, бандери и други потенцијално небезбедни конструкции…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti