Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пожар утринава избувнал на локацијата Владаја во Општина Дојран и сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од подружницата на ЦУК во Гевгелија, пожарот е пријавен околу 10 часот, а на терен се две противпожарни возила на доброволното противпожарно друштво „Дојран" со пет пожарникари и едно специјално возило на ТППЕ Гевгелија со тројца пожарникари. Местото е обезбедувано и од едно полициско возило. Од ЦУК – Гевгелија информираат дека гори деградирана шума и прнар, а поради ветер пожарот се шири во повеќе насоки. Засега не е преминат на територијата на соседна Грција, но е во непосредна близина на границата. Грчките медиуми од соседен Кукуш веќе известија за пожарот кој е видлив и од нивната граница.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Анчелоти и Гвардиола не прифатија да седнат на жешкото столче – Пирло „нема каде да бега“
