klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Повредени 16 полицајци во протестите во Тирана

Повредени 16 полицајци во протестите во Тирана
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 10. 2026. 06:44:58

Во синоќешните протести во Тирана, кои се одржаа шести ден, повредени се 16 полицајци, а нападнати беа и седиштето на владејачката Социјалистичка партија и зградата на Министерството за внатрешни работи, пренесе „Албаниан пост“. Маскирани демонстранти фрлале камења, молотови коктели и пиротехника кон полицајците, а се запалиле Полициската станица број 3 и главниот влез на Министерството за внатрешни работи. Нападнато било и седиштето на Социјалистичката партија, каде што биле искршени прозорците на главниот влез од зградата. За време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите повредени се и еден малолетник и еден новинар, а полицијата за време на интервенцијата употреби солзавец и водени топови. Протестот почна околу 12:30 часот со собирање на учесниците пред Министерството за образование, а веќе околу 13:20 часот беа фрлени првите камења кон полицајците, додека околу 13:50 часот судирите се интензивираа. За време на инцидентите во близина на Министерството за образование, новинар беше погоден со камен во карлицата и му беше укажана медицинска помош. По 14:00 часот, демонстрантите го напуштија просторот пред Министерството за образование и почнаа протестен марш низ улиците на главниот град на Албанија. По околу еден час, тензии избувнаа во близина на седиштето на Социјалистичката партија, каде што група демонстранти, главно маскирани млади лица, успеа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti