Sport Sjeverna Makedonija
Повредата на Мартинез е сериозна

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·18. 10. 2026. 06:58:41
Репрезентативниот голман на Аргентина Емилијано Мартинез се здоби со сериозна повреда по еден судар со противнички фудбалер. При еден центаршут, Мартинез во обида да ја одбрани топката, доби силен директен удар во главата и остана да лежи на тревата. По направените првични прегледи било констатирано дека Мартинез има скршеница на вилицата и затоа мора да оди на операција, а потоа и на долготрајна рехабилитација. Лекарите констатираа скршеница на вилицата кај голманот и поради тоа, тој останува во болница, каде ќе му биде извршена операција. Доцна синоќа Мартинез испрати фотографија преку социјалните мрежи и се заблагодари на сите оние кои му посакаа што е можно побрзо враќање на теренот.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

