klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Повикот на клептократската дивина

Повикот на клептократската дивина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·20. 07. 2026. 08:02:05

Во еден поширок општествено-политички контекст вжештените „расправи“ за буџетот или изборниот закон се само политикантска смешка, т.н. „Талир 2“ па и „Талир 100“ или актуелното семејно или врсничко насилство се или ќе бидат само детска игра во милјето на меѓупартиското односно политичкото силеџиство и појавата на монструозни идеи. Објективно тие се ултимативната кочница на државата и општествениот развој во сите насоки. Општествено-политичката саможивост и историското слепило кај еден минорен дел од „актерите“ на македонската политичка сцена – оние трансформирани во безнадежни политикантски секти! – свесно и континуирано го разгоруваат пожарот на политичкото безумие и националното предавство. Наспроти сите културни и цивилизациски аргументи, наспроти неподмитливите историски докази, тие се подготвени да збришат сѐ што генерации и генерации пред нив постигнале, лажливо подметнувајќи одамна компромитирани тези за прогрес наспроти изолација, богатство наспроти сиромаштија, иднина наместо минато… А како паралелна но сепак доминантна трансверзала се нуди и целосна општествена девастација низ формата на некаков агресивен повик на општа борба против одредена политичка партија што треба да „претставува врвна граѓанска одговорност и историска должност“ (sic!). Дури и само како мисла звучи чудовишно во третата деценија на дваесет и првиот век, не пак истата да биде напишана, дури и јавно обзнанета! Во недостаток на соодветни…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti