klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Повеќе од 70 национални титули и осум Лиги на шампионите – но светски првак ќе биде Скалони или Де ла Фуенте

Повеќе од 70 национални титули и осум Лиги на шампионите – но светски првак ќе биде Скалони или Де ла Фуенте
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·18. 07. 2026. 18:07:12

Пишува: Дејан Донев Во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико пристигна вистинска парада на тренерски имиња со огромен углед во клупскиот фудбал. Една од главните тенденции пред Светското првенство 2026 беше селекциите да бараат тренери со трофеи, авторитет и искуство од секојдневната работа во најсилните клубови. Не класични селектори, туку луѓе навикнати да победуваат од недела во недела. Бразил, во потрага по шестата светска титула, му се довери на Карло Анчелоти – човекот на Лигата на шампионите, единствениот кој ги освоил првенствата во петте најсилни европски лиги. Англија, во обид конечно да го надмине вечниот статус на „речиси шампион“, го донесе Томас Тухел, европски првак со Челси, финалист со Пари Сен Жермен и освојувач на Бундеслигата. Германија се обиде да ги заборави последните разочарувања со Јулијан Нагелсман, младиот тренерски гениј. Соединетите Американски Држави, за своето големо фудбалско лето, му дадоа милионски договор на Маурисио Покетино, финалист во Лигата на шампионите со Тотенхем и шампион на Франција. Мундијалот беше вистинска колекција на клупски трофеи сместени на репрезентативните клупи. Селекторите на 48-те репрезентации заедно имаа освоено повеќе од 70 национални првенства. Во нивните биографии имаше титули од Мексико, Јужна Кореја, Чешка, Белгија, Швајцарија, Австрија, Шпанија, Италија, Франција, Англија, Германија, Холандија, Јапонија, Египет…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti