klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Повеќе од 250 доброволни пожарникари на постројувањето во ДЗС

Повеќе од 250 доброволни пожарникари на постројувањето во ДЗС
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 08:47:58

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија денеска се построија на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со постројувањето беше утврден бројот на доброволци кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на ДЗС. Пред присутните се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и командант на Силите за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој ги презентираше плановите и очекувањата за претстојната противпожарна сезона. На доброволните пожарникари им беше претставена и новата внатрешна организација и хиерархија, со цел да се обезбеди поефикасна координација, командување и нивно вклучување во системот за гаснење пожари. По постројувањето беше одржан и работен состанок на отворено, на кој доброволните пожарникари разменија искуства, мислења и предлози за подобрување на функционирањето на системот за заштита и спасување во текот на летната противпожарна сезона.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti