klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Потврдените случаи на ебола во Конго достигнаа над 2.000

Потврдените случаи на ебола во Конго достигнаа над 2.000
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 07. 2026. 09:50:48

Во Демократска Република Конго потврдени се 2.011 случаи на ебола, соопшти Министерството за здравство. Досега од ебола починале 754 луѓе, додека 753 лица се во изолација или на болничко лекување додека 366 луѓе оздравеле, според владини податоци објавени преку ноќ, во она што властите го нарекуваат најбрзо растечка епидемија досега. Властите ги следат случаите во пет провинции, а главното жариште и понатаму е североисточната провинција Итури, која граничи со Уганда и Јужен Судан. Министерството за информации на ДР Конго соопшти дека изминатите 47 дена не се регистрирани нови инфекции со ебола во провинцијата Јужен Киву. Еболата е вирусна болест, опасна по живот, што се пренесува преку директен контакт со крвта и секретите на заразено лице.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti