klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3

Потпишан грант од 2 милиони долари, за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на ХС Злетовица – фаза 2 и 3
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·29. 06. 2026. 11:22:56

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорката на Светска Банка на регионот, г-ѓа. Карол Межеван потпишаа договор за грант во износ од 2 милиони долари за ажурирање на проектната документација и обука на корисниците, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична енергија“. Проектот претставува важен чекор кон унапредување на земјоделството. Грантот ќе го имплементира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку постојната единица за имплементација на проектот финансиран од Светската банка за модернизација на земјоделството, додека краен корисник ќе биде ЈП Хидросистем „Злетовица“ – Пробиштип. Имплементацијата ќе се реализира во период од 18 месеци, од 1 јули 2026 година до 31 декември 2027 година. Со реализацијата на проектот ќе се обезбеди сигурно и одржливо водоснабдување за земјоделските површини, што значи поголема продуктивност, поквалитетни приноси и поголема конкурентност на македонското земјоделство.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti