klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

После успешната турнеја во Америка, „Идеал бенд“ најавува голема турнеја во Австралија

После успешната турнеја во Америка, „Идеал бенд“ најавува голема турнеја во Австралија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 07. 2026. 10:19:25

По неодамнешната успешна турнеја во САД, „Идеал бенд“ со задоволство ги најавува своите настапи во Австралија. Оваа австралиска турнеја е следен чекор во брзата експанзија на бендот надвор од нашите граници и ја потврдува заинтерсираноста за македонската музика на меѓународната сцена. Во текот на краток временски период, „Идеал бенд“ реализираше две значајни турнеи во Америка и сега во Австралија и продолжува да прима покани за настапи, свадби и други приватни и јавни настани надвор од Македонија. Ова го потврдуваат и позитивните реакции од публиката на двете страни на светот. Репертоарот на бендот вклучува внимателно уредени преработки на традиционални македонски песни, кои се достапни на официјалниот YouTube канал на бендот. Членовите на „Идеал бенд“ Виктор Китановски - саксафонист, Давор Ќимовски - Хармоникаш, Дамјан Димевски - Машки вокал , Ангела Влинтовска - Женски вокал Кристијан Милошевски - Тапанар Илија Смилевски - Басист истовремено најавуваат и нова авторска песна која ќе го зацврсти нивниот оригинален музички израз.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti