klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Посебен сообраќајен режим во Охрид

Посебен сообраќајен режим во Охрид
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·20. 07. 2026. 16:15:04

По повод престојната посета на претседателката на Индија на Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од денеска до 22 јули 2026 година кога индиската претседателка ќе престојува во Охрид, ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај. -Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти, соопшти портпарол на СВР Охрид, м-р Стефан Димоски. Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила. Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта од Охрид кон Св. Наум, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата во централното градско подрачје и во стариот дел на градот. СВР Охрид апелира…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti