Портпаролката на Белата куќа, Закарија призна дека нема положено правосуден испит

Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија синоќа призна дека не го положила правосудниот испит и оти не се обидела повторно да полага. Захарија, во синоќешното интервју за „Фокс њуз“ на прашањето на водителот Шон Ханити, наведе дека паднала на правосудниот испит и оти не се обидела повторно да полага. Тој и предочи на Захарија дека во петнаесетина објави на социјалните мрежи ја користи професионалната правна титула, иако нема лиценца. Ханити ја праша портпаролката на Белта куќа зошто веднаш не признала дека не го положила правосудниот испит. - Веќе се пријавив за правосуден испит, а во текот на летото дознав дека ќе живеам во Кина, па моите резултати не беа важни. Сепак го полагав испитот, бидејќи не сакав да ме сметаат за неуспешен кандидат, наведе Закарија. Таа има диплома по право од Универзитетот Пепердин и претходно работеше за истакната адвокатска фирма во Кина. Во нејзиното резиме е наведена и нејзината улога како генерален советник за конзервативна организација во Калифорнија. Критичарите и дел од правните експерти истакнуваат дека таа ја употребувала титулата адвокат иако нема лиценца за адвокатура во САД. Правните експерти предупредуваат дека титулата може да имплицира и професионални квалификации и потенцијално да го прекрши законот. Термините адвокат и правник…


