Svijet Sjeverna Makedonija
Поради пожар, село Дреново без вода

Kurir.mk·Ивона Петрова·04. 08. 2026. 08:08:14
Пожарите што вчера избувнаа во атарот на селото Раец предизвикаа оштетување на дел од електропреносниот систем, поради што е нарушено редовното снабдување со вода за селото Дреново, информираа утрово од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци. Како што соопштуваат од претпријатието, поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не е можно нормално функционирање на бунарите од кои се обезбедува вода за селото. - По оваа ситуација, ЈП „Комуналец“ веднаш реагира и испрати цистерна со вода во село Дреново за технолошки потреби и истата ќе се користи до средување на проблемот од страна на „ЕВН“ - потенцираа од јавното претпријатие.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

