Помалку сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на прекршоци за возење со енормни брзини по автопат

Намалување на бројот на сообраќајни несреќи во однос на лани, наплив на прекршоци за возење со енормни брзини по автопат во летниот период, но и зголемена свест кај возачите за возење под дејство на алкохол, покажале податоците од јануари до сега со кои располага полициската станица со општа надлежност во Гевгелија. Според информацијата за безбедноста во сообраќајот на патиштата на подрачјето на Општина Гевгелија, презентирана на денешната седница на Советот на Општината, освен намалување на бројот на сообраќајни незгоди, се бележи намалување и во однос на последиците од тие несреќи. -За периодот од јануари до јуни, вкупно се евидентирани 49 сообраќајни незгоди наспроти 79 лани во тој период. Се бележи и намалување во однос на последиците од тие несреќи. На автопат оваа година во однос на лани ни се намалени сообраќајните несреќи, бидејќи зачестено е нашето присуство, особено во летните месеци, за време на туристичката сезона и го покриваме подрачјето во раните утрински часови, кадешто претходните години имаше сообраќајни незгоди поради замор кој е најчеста причина или како го викаме ние, тоа е најтивкиот убиец, соопшти претставник на полициската станица со општа надлежност во Гевгелија. Според овластеното лице, за разлика од лани, до сега на подрачјето на Општина Гевгелија немало…


