Svijet Sjeverna Makedonija
Полска прогласи највисоко ниво на предупредување за опасна горештина во Варшава и во поголемиот дел од земјата.

Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 08. 2026. 16:46:43
Полската метеоролошка служба денеска издаде највисоко предупредување за жештини за Варшава и поголемиот дел од земјата поради продолжениот топлотен бран. Според прогнозата, во југоисточна Полска се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени, а за во Варшава се предвидуваат 38 степени. Исто така се прогнозираат тропски температури и во текот на ноќта. Премиерот на Полска, Доналд Туск апелираше работодавачите да им дозволат на вработени да работат од дома.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

