klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Полска: На плажа пронајдени фрагменти од неидентификуван летечки објект

Полска: На плажа пронајдени фрагменти од неидентификуван летечки објект
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·14. 10. 2026. 10:43:08

Полската воена полиција ги истражува околностите околу пронаоѓањето фрагменти од неидентификуван летечки објект на плажата во Карвија, во округот Пуцк на брегот на Балтичкото Море, соопштија воените власти. Приватната радиостаница „Ер Ем Еф“ објави дека случаен минувач забележал објект што наликувал на дрон и ја известил полицијата, по што на местото пристигнале воени пиротехничари и претставници на други служби. Воената полиција синоќа преку социјалната мрежа Икс потврди дека истрагата започнала откако остатоците биле забележани на 13 октомври 2026 година, околу 18:30 часот. Портпаролот на воената полиција, Дариуш Розкош, за приватната телевизија „ТВН24“ изјави дека засега не може да потврди за каков објект точно станува збор. Полска е најголемата земја на источното крило на НАТО и граничи со Украина. Низата нарушувања на воздушниот простор во регионот ги засилија стравувањата дека војната во Украина може да се прошири и на територијата на Алијансата. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti