Полска до Зеленски: НЕ САКАМЕ НАЦИСТИ ВО ЕУ!

Полската европратеничка Ева Зајачковска-Херник ја нападна одлуката на Зеленски да ја рехабилитира паравоената организација УПА која во времето на Втората светска војна соработуваше со нацистичките СС единици. Зеленски најави дека една воена единица ќе го носи името „Хероите на УПА“. Украинците ја сметаат Украинската бунтовничка армија за симбол на отпорот против Москва. Во Полска е омразена поради учеството во масакрот врз околу 100.000 Полјаци кон крајот на Втората светска војна - чин што се смета за геноцид. „Кога Германците би именувале воена единица ‘Херои на СС’ и би подигнале споменици на Хитлер, Химлер, Гебелс и Ајхман, дали би ги поканиле во ЕУ? Не. Би ги нарекле неонацисти – и тоа со право... Нема морална разлика меѓу величањето на СС и на УПА, бидејќи двете организации биле втемелени врз ист култ на моќ и етничка омраза“, изјави Зајачковска-Херник. „Маршот на Украина кон Европа под знамињата на геноцидот е срам. Како Полјаци, никогаш не требаше да се согласиме Украина да влезе во Европа“, додаде европратеничката и на крајот од обраќањето го искина црвено-црното знаме на УПА.

