klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Политико: АфД ќе предложи радикални промени во институциите на ЕУ

Политико: АфД ќе предложи радикални промени во институциите на ЕУ
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 10. 2026. 07:11:52

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) предлага радикална реформа на институциите на Европската Унија, вклучително и укинување на директните избори за членовите на Европскиот парламент и префрлање на политичкото донесување одлуки на владите на земјите-членки, така што Европската комисија во иднина ќе извршува само административни задачи. Наместо директно избрани членови на Европскиот парламент, ЕП би бил составен од делегати избрани во националните парламенти, според документ во кој имале увид од „Политико“. AfD, исто така, предлага замена на Судот на правдата на ЕУ со арбитражно тело за решавање спорови меѓу државите. Планот, наводно, вклучува укинување на одредени европски агенции и намалување на буџетот на ЕУ. Во првата фаза, AfD не предлага напуштање на Германија од ЕУ или од еврозоната, туку промена на европските договори и враќање на одредени овластувања на владите на земјите-членки. Доколку реформите не успеат, партијата предвидува започнување референдум за членството на Германија во ЕУ. Документот ја одредува 2029 година како датум за почеток на реформите, кога се очекуваат следните избори за Европскиот парламент и германските федерални избори. Копретседателката на AfD, Алис Вајдел, ќе го претстави планот денеска во Европскиот парламент.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti