klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·27. 06. 2026. 10:55:04

Според најновите податоци од Европскиот завод за статистика – Евростат, Србија е меѓу европските земји со најниско ниво на потрошувачки цени, кои изнесуваат околу 62,5 проценти од просекот на Европската Унија. Само во одредени држави од регионот е поевтино, како што се Бугарија, Романија и Северна Македонија, додека највисоки цени се забележани во Исланд, Швајцарија, Норвешка, Данска и Ирска, пишува денеска Политика. Сепак, економистите предупредуваат дека пониското ниво на цени не значи автоматски и повисок животен стандард, бидејќи цените во голема мера се поврзани со нивото на плати и продуктивноста на економијата. Затоа жителите на побогатите европски земји, иако плаќаат повеќе за стоки и услуги, честопати имаат поголема куповна моќ од граѓаните на земјите со пониски цени, благодарение на значително повисоките приходи. Евростат посочува дека зад просечниот индекс стојат големи разлики помеѓу поединечните категории на производи и услуги. Иако Србија се рангира меѓу најевтините европски земји според вкупното ниво на цени, цените не се подеднакво ниски во сите категории. Така, кога станува збор за храна и безалкохолни пијалоци, цените во Србија достигнаа околу 96 проценти од просекот на ЕУ, што значи дека, според индексот на цени на Евростат, прехранбените производи се поскапи тука отколку во бројни земји од регионот и…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti