„Политичка воља“ за избор помеѓу национална лоботомија и самоубиство?

Велат дека има руска поговорка што оди вака: „ако ѓаволот не може да ти дојде, ќе ти испрати жена“! Знам, звучи малку сексистички и мизогено, но не ми е таква намерата. Меѓутоа, кај нас поговорката се оживотвори: ни дојде Марта Кос со нејзините „мудрости“, „правила“ и „систем“. И страста за „политичка воља“. И по којзнае кој пат го извергла она дека „ниту една земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави друг спор за време на процесот на пристапување, сè до моментот кога последната земја членка ќе го ратификува договорот за пристапување“ односно дека тоа е фамозниот начин на кој функционира проширувањето, пишува Златко Теодосиевски за ПЛУСИНФО . Меѓутоа, барајќи од нас „политичка воља“ да ја прифатиме „оваа реалност“ којашто не е ништо друго туку националистички диктат, ни таа ниту пак нејзините „посестрими“ во еу врхушката (малите букви се…) никако да ја прифатат вистинската реалност: дека ниту една земја кандидат во досегашниот процес на проширувањето на еу не била така садистички уценувана, малтретирана и понижувана како Македонија! Дека од ниту една друга земја кандидат не се барало да се откаже од сопствената историја, култура, националност, јазик…, дека ниту една земја кандидат не била така лажена од највисоките…


