Полицијата рани напаѓач со нож во францускиот град Клермон-Феран

Полицијата во францускиот град Клермон-Феран вчера ранила и уапсила маж кој претходно нападнал неколку лица со нож, јавуваат локалните медиуми. Според Обвинителството, засега нема индиции што би укажувале на терористички мотив зад нападот. Напаѓачот, 34-годишен државјанин на Судан, претходно бил осудуван во Клермон-Феран за повеќе кривични дела, вклучително насилство врз полиција и закани со смрт, соопштија властите. Полицијата наведе дека странува збор за лица на кои му била определена медицинска терапија и соодветна психијатриска нега. Инцидентот се случил кога напаѓачот со нож нападнал неколку лица, по што интервенирала полицајата. Напаѓачот се обидел да нападне и полицаел, при што друг полициски службеник употребил огнено оружје и го ранил осомничениот. Се уште нема инфомрации за состојбата на жртвите и напаѓачот.
Povezane vijesti

Policajac pucao i ranio muškarca koji je nožem napao ljude u Francuskoj
