klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Погледнете пред да заминете на одмор во Грција: Мапа каде господари рибата зајак

Погледнете пред да заминете на одмор во Грција: Мапа каде господари рибата зајак
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·09. 07. 2026. 06:59:24

Грчките власти објавија интерактивна дигитална мапа на Гугл, на која се следи појавата и ширењето на опасната риба зајак, позната и како Lagocephalus sceleratus. Станува збор за инвазивен вид за кој летово се зголемува вниманието, особено поради неговото присуство во грчките води. Мапата ги покажува местата каде што досега е регистрирана оваа риба, која се смета за исклучително опасна. Lagocephalus sceleratus е распространет во тропските води на Индискиот и Тихиот Океан, како и во западниот Медитеран. Видот е присутен и долж бреговите на Израел, јужна Турција и Кипар. Во Грција, рибата првпат била забележана во југоисточниот дел на земјата, главно во околината на Родос, Крит и Додеканезите. Денес, според објавените податоци, ја има речиси низ целото Егејско Море, но и во голем број делови од Јонското Море. Експертите апелираат пливачите да не ја допираат рибата доколку ја забележат во морето. Посебно предупредување има и за рибарите – рибата не смее да се консумира, бидејќи термичката обработка не го уништува смртоносниот токсин што го содржи. Поради зголемениот број пријави поврзани со рибата, но и поради штетата што ја предизвикува врз екосистемот и риболовната опрема, грчкото Министерство за земјоделски развој и храна воведе пилот-програма за субвенционирање на професионалните рибари. Според програмата, на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti