Подобрување на условите за престој во детските градинки во општина Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. Притоа, првиот човек на Општината разговараше со раководствата и вработените, каде беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат тие. Целта на денешната средба како што информираат од локалната самоуправа беше согледување на проблемите директно на терен и, во соработка со вработените да се утврдат потребните чекори за подобрување на условите. Градинките се места каде што децата поминуваат значаен дел од денот и затоа мора да се обезбеди безбедна, чиста, функционална и пријатна средина за секое дете.
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
