klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако беше фатен во обид да криумчари дрога

Поднесена кривична пријава против косовскиот државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако беше фатен во обид да криумчари дрога
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·17. 07. 2026. 07:57:58

Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори", како и за „спречување службено лице во вршење службено дејствие", двете казниви според Кривичниот законик. На 15 јули, во вечерните часови, царинските службеници на граничниот премин Блаце го застанаа за царинска контрола сега приведениот Р.Е. Контролата е извршена од двајца царински службеници, при што лицето е повикано да го отвори багажникот на возилото за проверка. Во моментот кога осомничениот увидел дека еден од царинските службеници ја забележал кесата под совозачкото седиште и посегнал да ја провери, противзаконски влегол во возилото и насилно ја преминал граничната линија, повлекувајќи го царинскиот службеник кој се обидел да го сопре. Повикана е граничната полиција, која заедно со царинскиот службеник, по десетминутна потера, му го пресече патот и лицето е лишено од слобода. Осомничениот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti