Почнува проектот „Месеци на практикантство“ за студентите во општините

Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА) денеска во Скопје официјално ќе го промовираат проектот „Месеци на практикантство“, чија цел е да им овозможи на студентите да стекнат практично работно искуство во своите матични општини. Отворањето на проектот ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 11:30 часот, во присуство на претставници на локалната самоуправа, градоначалници, студенти, професори, претприемачи и партнери на проектот. На промотивниот настан ќе се обратат министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и директорката на ИНОВА, Даниела Димовска. Според организаторите, проектот е наменет за студентите да стекнат практични знаења и искуства во согласност со нивната струка, преку ангажман во општините од кои потекнуваат. Во рамки на првиот циклус, повеќе од 60 студенти ќе започнат практикантска работа во општините низ државата.
Povezane vijesti

Suđenje Žeželja i Judite Popović: Svedok tvrdi da je sedeo odmah do Žeželja, odbrana demantuje fotografijama

Oružane snage BiH na Manjači izvode jednu od najvažnijih vježbi dosad
