klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“

Почнува Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·08. 07. 2026. 06:26:35

„Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, што ќе се одржува од денеска до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинашниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, како и проекција на „Павилјон“ во чест на Мето Јовановски. Тони Наумовски е роден во Сиднеј, Австралија. Студирал во Софија, во Сиднеј и на престижната школа на Ли Стразберг во Њујорк, каде што дваесет години живее и работи. Наумовски несомнено е најуспешниот македонски актер на светско ниво. Тој игра во театар, на телевизија и на филм во Америка и надвор, а во последната година со насловната улога од македонскиот филм „Лена и Владимир'' има добиено 14 награди за актерско достигнување и неколку номинации на над 80 фестивали во Америка и светот. Како што истакна директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, на прес-конференцијата во пресрте на фестивалот, идејата на ова признание не е да се додели награда за животно дело, туку награда за творештво вреднувувајќи го импресивниот пат на Наумовски…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti