Почнува деесеттото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во Паркот на поезијата во Струга започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ Во текот на пет фестивалски денови публиката ќе гледа филмови од пет натпреварувачки програми: Меѓународна, Регионална, Национална, Студентска и Специјалната програма „Соочување со минатото“ во соработка со „Про Пис Северна Македонија“. Жирито кое ќе одлучува за наградите во секоја категорија е во состав: Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска, актерка, Цанко Василев, продуцент, и Гледис Бица, режисер. Музичка програма е закажана од 22:30 часот со концерт на Дина Јашари. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.
Povezane vijesti

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири меѓу полицијата и студентите

Полска компанија ќе гради статуа на Исус на Филипините од 207 метри, највисока на светот (ФОТО)
