klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Почнува 52-та меѓународна ликовна колонија „Куманово“

Почнува 52-та меѓународна ликовна колонија „Куманово“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·05. 08. 2026. 11:34:09

Во организација на НУ Музеј-Куманово, со поддршка на Министерството за култура и туризам и под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, утре ќе започне 52. издание на ликовната колонија „Куманово 2026“. Колонијата ќе се одржи во комплексот етно-село Тимчевски од 6 до 11 август, а во нејзината реализација учествува и Фондацијата за култура и спорт. На годинашното издание ќе творат тринаесет ликовни автори од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и Романија: Александар Џинго, Ферди Булут, Ања Стојадиновска, Ивана Ожетски, Новак Новаковиќ, Бисер Кирилов, Теодора Ракиџиќ, Софија Ракиџиќ, Снежана Мелник, Костин Братеану, Зоита Делиа Калинеску, Емилија Јанциќ и Страхил Петровски. - Уметниците ќе создаваат дела на слободна тематика, а за време на престојот ќе ги посетат и културно-историските знаменитости во Куманово и неговата околина. Новосоздадената продукција ќе биде претставена пред јавноста на 10 август во 20 часот, кога ќе биде отворена изложба на делата создадени за време на колонијата- изјави, Драгана Спасковска, кустос советник, историчар на уметноста од НУ Музеј Куманово. Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите и најреномирани ликовни манифестации во државата. Првото издание било организирано во 1974 година во конаците на манастирот „Свети Прохор Пчињски“, а и покрај промените на локацијата низ годините, манифестацијата бележи континуитет повеќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti