Почна реконструкцијата на Градскиот стадион во Валандово, следува поставување на 1.500 нови столчиња

Со поддршка од општина Василево и во соработка со ФК Академија Христов и ФК Василево, теренот на големото фудбалско игралиште во Василево е целосно уреден и подготвен за натпртеварувачкта сезона што следува. „Големото фудбалско игралиште во Василево доби прекрасен, уреден изглед – токму онаков каков што заслужуваат нашите спортисти. Со финансиска и материјална поддршка од Општина Василево и во соработка со ФК Академија Христов и ФК Василево, создадовме подобри услови за тренинг и натпревари. Нашата цел е ФК Василево подготвено да ја започне новата натпреварувачка сезона. Продолжуваме да инвестираме во спортот и младите, затоа што тие ја заслужуваат нашата поддршка. Општина Василево ќе остане сигурен партнер на спортистите и спортските клубови.“, стои во објавата на градоначалникот Славе Андонов. Ова активност е во насока на неодамна најавената поддршка за ФК Василево од страна на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за активно враќање на клубот на фудбалките терени. На средбата со претставниците на ФК Василево, одржана пред неполн месец, Андонов најави партнерство на општинта со клубот во насока на негово обновување. „Ќе бидеме партнер на клубот во неговото обновување и развој затоа што спортот е инвестиција во младите и во иднината на нашата општина. Василево заслужува силен и организиран спорт а…


