klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Почина режисерот Сашо Миленковски

Почина режисерот Сашо Миленковски
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·29. 06. 2026. 09:27:45

На 62-годишна возраст во Скопје почина Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер - потврдија од Драмскиот театар - Скопје. - Со длабока тага се простуваме од Сашо Миленковски, истакнат македонски режисер, драматург и долгогодишен член на Драмскиот театар - Скопје, кој со својата исклучителна творечка визија остави неизбришлив белег во македонската театарска уметност. Во текот на својата богата кариера режира повеќе од педесет претстави во Македонија и странство, афирмира современи македонски драмски автори и создаде сценски дела што ќе останат дел од македонското театарско наследство. Со својата посветеност, уметничка смелост и исклучителен творечки интегритет беше еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите и до сите што имаа чест да соработуваат со него. Слава му!, стои во објавата на статусот на Драмскиот театар. Миленковски беше еден од четирите лауреати на наградата за животно дело на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, што се одржа во Прилеп од 5 до 12 јуни. Роден e во Битола на 28 ноември 1963 година. Во текот на речиси четири децении активна работа неговата режисерска креативност создава дела со трајна вредност оставајќи силен и препознатлив белег не само во домашната туку и во пошироката театарска сцена. Тој е дел…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti