Почина познат одбојкар и целото негово семејство во катастрофалниот земјотрес во Венецуела

Ужасни вести доаѓаат од Венецуела, каде што капитенот на машката одбојкарска репрезентација на земјата, Вилнер Ривас (31), загина во катастрофален земјотрес. Спасувачките екипи го пронајдоа неговото тело под урнатините на станбена зграда, заедно со телата на неговата сопруга Маријанхел Перез и нивниот син Тео, со што заврши еднодневната потрага по семејството, кое беше исчезнато од 24 јуни. Ривас живееле во државата Ла Гваира, една од областите најтешко погодени од силните земјотреси. Нивниот дом целосно се урна, и покрај апелите од семејството, пријателите и соиграчите да се интензивира потрагата, исходот бил трагичен. Веста за смртта на еден од најдобрите одбојкари на Венецуела прв ја објави новинарот Даниел Бортолето на порталот „Веб Волеи“, по што ја потврдија и Венецуелската одбојкарска федерација и шпанскиот Гвагуас, клубот за кој Ривас требаше да игра од следната сезона. Ривас беше еден од столбовите на венецуелската репрезентација и нејзин капитен со години, а зад себе имаше богата меѓународна кариера. Играше за Цистерна Волеј во Италија, Нарбон во Франција, како и за клубови во Турција, Аргентина и Блискиот Исток. Следната сезона требаше за прв пат да игра во Лигата на шампионите, пишува Нова.рс. Se ha confirmado que Willner Rivas, su esposa Mariangel Pérez y su pequeño hijo Theo…

