Sport Sjeverna Makedonija
Почина некогашен ракометар на Е.Работник

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·20. 10. 2026. 04:23:34
Грузискиот ракомет е во жалост по смртта на Рати Мсхвилидзе, поранешен репрезентативец и тренер, кој остави значаен белег во развојот на овој спорт во својата земја. Тој во текот на кариерата настапуваше и за Еурофарм Работник од Битола. Веста за неговата смрт ја објави Ракометната федерација на Грузија, од каде што истакнаа дека Мсхвилидзе имал значаен придонес во развојот на грузискиот ракомет. Во текот на играчката кариера настапуваше за клубови во Грузија и во Европа, а по завршувањето на играчките денови продолжи да работи како тренер, пренесувајќи го своето знаење и искуство на помладите генерации.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


