klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Почина легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина

Почина легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·21. 07. 2026. 18:15:18

Веста за нејзината смрт ја соопшти семејството, а информациите за комеморацијата и погребот ќе бидат објавени дополнително. Оливера Катарина беше актерка, пејачка и писателка, која во текот на својата повеќедецениска кариера остави длабока трага во југословенската и светската уметност. Особена популарност стекна со улогата во култниот филм „Собирачи на пердуви“ на режисерот Александар Петровиќ. Филмот беше номиниран за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм, а освои и награда на Канскиот филмски фестивал. Покрај забележителната актерска кариера, Оливера Катарина беше позната и по својот уникатен музички израз. Настапуваше на престижни светски сцени и во познати концертни сали, а со својот глас, убавина и харизма важеше за една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија. Таа објави и неколку книги, потврдувајќи го својот талент и во книжевноста. Оливера Катарина е родена на 5 март 1940 година во Белград, како Оливера Петровиќ. Во текот на кариерата настапуваше и под имињата Оливера Вучо и Оливера Катарина. Во последните години од животот таа отворено зборуваше дека живее повлечено и дека била заборавена од голем дел од некогашните пријатели и колеги. „Живеам сама меѓу своите четири ѕида, заборавена од повеќето пријатели и колеги. Го зачував достоинството и не сум депресивна. Никого нема да молам за ништо“, изјави…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti