klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Почина Кеиго Хигашино, еден од најпознатите јапонски писатели на криминалистички романи

Почина Кеиго Хигашино, еден од најпознатите јапонски писатели на криминалистички романи
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·28. 07. 2026. 07:52:36

„Јапонскиот писател Кеиго Хигашино, еден од најпознатите автори на криминалистички романи и добитник на бројни книжевни признанија, почина на 68-годишна возраст“, соопшти вчера издавачката куќа „Коданша“. - Кеиго почина вечерта на 23 јули, од рак на дебелото црево. Приказните што ги создаваше ќе продолжат да привлекуваат безброј читатели, се наведува во соопштението на издавачката куќа. Кеиго во текот на својата кариера напиша повеќе од 160 дела, објавени во над 40 земји. Тој важи за еден од најпродаваните јапонски автори на криминалистичка литература, со продадени над 100 милиони примероци. Дваесетина негови дела имаа филмска адаптација Кеиго беше дипломиран инженер по електротехника. Во 1985 година ја доби престижната книжевна награда „Едогава Ранпо“ за романот „По училиштето“, а во 2010 година доби награда за романот „Куќата во која некогаш умрев“, на Меѓународниот фестивал за криминалистичката литература во Коњак, Франција. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti