Почина Доли Партон, кралицата на кантри музиката

Американската пејачка, текстописец, актерка и продуцентка Доли Партон почина на 80-годишна возраст. Родена во двособна дрвена колиба, таа стана најбогатата ѕвезда на кантри музиката во светот, со безвременски хитови како „Џолен“, и почина на 80-годишна возраст, објавува „Индипендент“. Партон стана една од најомилените пејачки текстописци на сите времиња и продаде повеќе од 100 милиони плочи низ целиот свет, заработувајќи го прекарот „Кралицата на кантри музиката“ во текот на нејзината шестдецениска кариера. Таа напиша повеќе од 3.000 песни, а рекордни 44 од нејзините албуми стигнаа до првите 10 на кантри музичките листи. Освои единаесет награди Греми, три награди Еми и требаше да добие почесен Оскар за нејзината хуманитарна работа во 2026 година.
Povezane vijesti

Стотици жени го посетиле Кабинетот за мајки и жени по породување на Клиниката за психијатрија

САД очекуваат Приштина да ги исполни своите обврски за косовските Срби доколку сака обновување на стратешкиот дијалог со Вашингтон
