Победа за Владата, Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено светско културно наследство

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот регион да го задржи статусот на заштитено светско културно наследство. Одлуката беше донесена денеска од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја, со која природното и културното наследство на Охридскиот регион не се впишува на Листата на светско наследство во опасност. Македонската делегација на 48. сесија на Комитетот за светско наследство беше предводена од вонредниот и ополномоштен амбасадор при УНЕСКО, проф. д-р Игор Николов, кој во своите обраќања ја реафирмираше цврстата посветеност на државата за спроведување на препораките на Комитетот и за долгорочна заштита на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион. Оваа одлука претставува израз на довербата за преземените активности и во јасната определба на државата, во соработка со Република Албанија, да продолжи со спроведување на препораките на Комитетот за светско наследство, Центарот за светско наследство и Советодавните тела. Истовремено, оваа одлука не значи дека предизвиците се надминати. Напротив, таа претставува силна обврска за натамошно интензивирање на активностите за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион. Македонија останува целосно посветена на спроведувањето на Планот за управување и Стратегискиот план за рехабилитација, на зајакнувањето на институционалната координација, на воспоставувањето на тело…


