По пеколната жештина, небото се отвори: Катастрофална бура низ Европа

По екстремниот топлотен бран, Европа ја погоди страшен олуен фронт кој во Словенија однесе еден живот по удар на гром, додека во Австрија и Франција незапаметени поројни води носеа автомобили. По топлотниот бран, силно невреме зафати делови од Европа, а Франција, Австрија и Словенија се соочуваат со бури, поплави и голема материјална штета. Во Франција, поради силните бури, беа откажани бројни летови од Корзика, додека поплави го погодија департманот Од на југот на земјата. Метеоролошката служба „Метео Франс“ издаде портокалово предупредување за делови од департманите Вар и Алпи-Маритим поради опасност од обилни врнежи и поплави. Силни бури во текот на ноќта го погодија и регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, проследени со поројни дождови и силни налети на ветерот, кои предизвикаа голема материјална штета. Поради опасноста од невремето, на Корзика биле евакуирани околу 1.360 луѓе од кампови и други објекти на отворено. На аеродромот во Ајачио биле откажани летовите кон Ница, Лион, Базел-Милуз и Нант, додека во Бастија биле откажани летовите кон Ница и Нант. Силно невреме во четвртокот попладне ја погоди и Долна Австрија, каде што за кратко време се создадоа големи поплави. Улиците и подрумите биле под вода, а бројни дрвја биле откорнати од корен. Најкритично било во областа Брук ан…


