По катаклизмата од СДСМ и ДУИ во земјоделството, исплативме над 15 милијарди денари субвенции, посочи премиерот Мицкоски

За две години се исплатени субвенции од над 15 милијарди денари кон земјоделците, зголемено е производството и намален е дефицитот кај увозот и извозот на земјоделски производи - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, како што рече, се постигнатите резултати во изминатите две години по, нагласи, катаклизмата што ја наследивме од владата на СДСМ и ДУИ, а на која сега се приклучи и политичката партија Левица. - Јас ги слушам од опозицијата посебно од коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, овие претходниве беа во влада седум години. Ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се остави - неисплатени три плати во АД Водостопанство, кои сега се исплаќаат месец за месец. Акумулациите беа претворени во мучуришта буквално, вклучително и тука во Кавадарци, Тиквешкото езеро. Конкретно, среќа беше лозарите да добијат вода за наводнување на посевите. Сега гледате со домаќинско работење тоа веќе не е проблем, тоа е како да кажам нормална работа, но кога ќе се спореди со состојбата тогаш беше проблем. Неколку плати неисплатени во национални шуми и долгови кон земјоделците по основ на директни плаќања од 2020, 21. Сега веќе ги завршуваме со ребалансот ќе се доисплатат и за поледелците и за млекарите од 2025-та и веќе е почнат…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Da li vas više opisuje znak ili podznak? Mnogi se iznenade odgovorom
