klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

По десет години: На Хаити ќе бидат одржани претседателски избори

По десет години: На Хаити ќе бидат одржани претседателски избори
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·28. 07. 2026. 06:38:47

Изборниот совет на Хаити соопшти дека претседателски избори ќе се одржат на 13 декември, а вториот круг е закажан на 21 февруари следната година. Претходно беше планирано претседателските избори да се одржат во август со втор круг во декември, но беа одложени поради безбедносни причини. На Хаити последните претседателски избори се одржаа во 2016 година. Последниот претседател Жовенел Моиз беше убиен во 2021 година по одложувањето на изборите. Последователните влади беа задолжени да организираат избори, но не успеаја поради конфликтот со моќни вооружени банди. Изборниот совет нагласи дека распоредот зависи од „создавањето прифатлива безбедносна средина и обезбедувањето на потребните ресурси за спроведување на изборите“. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti