По 40 години целосна реконструкција на три занимални во клонот „Детелинка“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров продолжува со инвестициите во подобрување на условите за престој, воспитување и развој на најмладите. По цели 40 години, целосно се реконструирани три занимални во клонот „Детелинка“, со што децата и вработените добиваат значително подобри, побезбедни и посовремени услови. Во рамки на реконструкцијата, поставени се околу 200 квадратни метри нов под, целосно се обновени ѕидните површини, а изведена е и нова електрична инсталација. Со оваа инвестиција се подобрува функционалноста и безбедноста на просториите, но пред сè се создава попријатна и поквалитетна средина за секојдневниот престој на децата. -Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано унапредување на условите во детските градинки и училиштата, затоа што инвестицијата во децата е инвестиција во иднината на нашата општина. Продолжуваме со конкретни проекти и создавање подобри услови за секое дете во Ѓорче Петров, велат од општината.
Povezane vijesti

Медведев: Киев е слеп и e во паника без американските разузнавачки информации

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски
