ПО 33 ГОДИНИ: Нови услови за дечињата во „Буба Мара“

По цели 33 години, за првпат се врши целосна реконструкција и обновување на горниот кат од објектот „Буба Мара“ во Ново Лисиче. Најмладите од септември ќе ги пречекаат нови и значително подобри услови за престој. Денеска, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и претседателката на Советот, Сузана Павловска, го посетија објектот и извршија увид во текот на работите. На горниот кат се врши замена на подовите во сите занимални и простории, се заменуваат вратите и се бојадисува целиот простор. Дечињата од септември ќе престојуваат во убаво уреден и целосно освежен простор, со нов мебел и нови дидактички материјали, создадени за нивниот пријатен престој, игра и учење. По 33 години, „Буба Мара“ добива ново и современо лице, а најважно од сè – подобри услови за дечињата. [facebook_post url="https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/posts/pfbid0P7d8jHYHu3Xuh2EZRz5oynQxRZjuDgoaCCY3D8bW3mUVcZdeJPeceZx3HsZ32Q2Vl"]


