ПМФЛ: Шкендија го победи Скопје,Силекс го совлада Башкими

Скопје – Шкендија 1:3 е исходот од денешниот меч на Автокоманда во рамките на 10.коло. Красниќи и Димоски до 9.минута “стрелаа“ за 0:2, Ангелов во финишот од првиот дел намали на 1:2, а Тамба во 52.минута погоди за 1:3 за да се покаже кој е кој во моментов во мак – фудбалот. Гостите со “блиц-криг“ го шокираа домаќинот уште во 2. и 9.минута за 0:2 со головите на Красниќи и Димоски, на овој вториот ова ми беше прв негов гол во дресот на Шкендија. Гостите имаа шанси и за 0:3, ама на пауза се замина со 1:2 откако Ангелов во 45.минута успеа убаво да се снајде пред голот на Гаје. Во второто полувреме Шкендија одново тргна силовито, а таа офанзива вроди со плод во 52.минута кога Тамба погоди за 1:3. Се чини дека тука беше решен победникот на оваа средба. Во 73.минута откако еден домашен играч играше со рака, тоа беше пенал а Бесарт Ибраими не успеа да го реализира, искусниот офанзивец го промаши целиот гол. На крај 1:3, седма победа за Шкендија, а Скопје и во 10 меч сезонава не знае за победа. Силекс со 3-0 го освои Куманово во натпревар на кој успее да наметне свој ритам во…
