klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·13. 07. 2026. 06:32:09

Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ теснината вчера поминале само шест бродови, што е најмал број во последните пет седмици. Меѓу танкерите кои го напуштиле Ормус е супертанкерот „Хјуманити“, натоварен со околу два милиони барели иранска нафта, како и танкерот „Капетан Андреас“ што превезувал околу 500 илјади барели нафтени деривати од Кувајт. Три празни танкери влегле во Персискиот Залив за да натоварат нафта, а повеќето танкери ги исклучиле транспондерите за следење додека минувале низ теснината. Податоците покажуваат дека танкер под контрола на компанијата „Abu Dhabi National Oil Co“ ноќта од 11 на 12 јули ја напуштил теснината и се упатил кон индиското пристаниште Дахеџ. Намалувањето на поморскиот сообраќај се случува во услови на зголемена тензија во регионот. Американските сили извршија нови напади врз Иран, при што, според Централната команда на САД, биле погодени десетици цели. Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека Ормускиот Теснец е отворен за трговски сообраќај, и покрај претходните…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti